Даниела Р. Пичо е доктор по политички науки при Европскиот универзитет во Фиренца а нејзините истражувачки интереси вклучуваат споредбена политика, политичка застапеност, социјални движења и партиска регулатива (финансии). Таа има долгогодишно искуство во работа со национални и меѓународни истражувачки мрежи. Нејзините најнови истражувачки проекти се фокусираат на модалитетите на капитализмот и видовите демократија, внатрешната партиска демократија во Италија, реконцептуализација на партиската демократија, партиските одговори на општествените движења и друго. Работела и за државни институции во областа на јавното финансирање на политичките партии, како и на апликација за гласање за изборите во Европскиот парламент во неколку наврати. Таа има богато искуство во наставата, истражувачко искуство, искуство во меѓународни проекти, како и искуство во работа со невладиниот сектор и политичките актери.