Третиот настан во рамките на проектот се состоеше од дводневна работилница, одржана во Центарот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац, Австрија. Настанот се фокусираше на демократските иновации во Европа и локалните иницијативи на Западниот Балкан. Работилницата се состоеше од три сесии отворени за јавноста и две затворени сесии. Првата јавна сесија беше посветена на демократските иновации во Европа, со гостинските предавачи Барбара Кислингер, Корина Стратулат и Болдвин Тор Бергсон со контрибуциите за: „Граѓанска наука“, „Европските граѓански консултации“ и „Уставниот експеримент во Исланд“. Оваа сесија заврши со дискусија околу ефектите на овие демократски иновации во Западна Европа и можните импликации и апликации врз Западниот Балкан.
Втората и третата јавна сесија се состоеа од округла маса со проектните партнери и четири експерти за локални иницијативи од Западниот Балкан. Лура Положани имаше презентација за општествените движења во Северна Македонија, Армин Амиџиќ даде преглед на граѓанскиот активизам во случајот со градот Бихаќ. Борис Јокиќ зборуваше за врската помеѓу реформата на образовната програма и општествените движења во Хрватска, а Кјара Милан ги претстави правата за градски групи и иницијативи во Сараево.
Дискусијата во вториот ден беше фокусирана врз општествените движења и граѓанскиот активизам во Западниот Балкан, методите за иновација и мобилизација, трансформацијата на граѓанскиот активизам кон политички заложби, како и врз практиките на внатрешната организација на новите општествени движења. Валида Раповац – Никишиќ (Универзитетот во Сараево) имаше презентација за локалните иницијативи во Босна и Херцеговина. Ирена Фикет, Газела Пудар Драшко и Јелена Васиљевиќ (Универзитетот во Белград) зборуваа за внатрешните организациски практики на општествените движења во Србија.
Трите главни сесии беа отворени за публика и беа посетени од истражувачи, вклучувајќи и докторанди, гостински истражувачи и локални истражувачи од Универзитетот во Грац, посебно од Центарот за студии на Југоисточна Европа. Тркалезната маса беше проследена со јавна дискусија која се фокусираше врз две централни прашања – како општествените движења би можеле да ги вклучат пасивните граѓани во процесите; и прашањето за експериментирањето со институционалните делиберативни процеси кои би можеле да се развијат.