Во рамките на европскиот проект „Активно граѓанство: промовирање и унапредување на иновативни демократски практики во Западниот Балкан“, кој го истражува потенцијалот за иновативни демократски практики и нивната апликација во Западниот Балкан, ќе се организираат две Граѓански собранија – едно во Белград, на 21ви ноември и едно во Ваљево, на 28ми ноември.

Граѓанските собранија ќе соберат 40 учесници. Поради тешката епидемиолошка ситуација во земјата и безбедноста на учесниците, Граѓанските собранија ќе бидат организирани преку онлајн средби. Дваесет и осум учесници беа одбрани како претставници на пошироката јавност на териториите на градовите Белград и Ваљево врз основа на нивните демографски карактеристики. Останатите дванаесет учесници ќе произлезат од граѓански организации чии што погледи и реакции на оваа тема се веќе застапени во јавниот простор.

Целта за ова организирање на Граѓански собранија е да се вклучат различни и спротивставени погледи во рамки на грижливо модерирана и информирана јавна дискусија. На овој начин ќе се создаде средина која ќе стимулира размена на аргументи околу јавното добро и доаѓање до добро осмислени одлуки.

Темата на белградското Граѓанско собрание ќе биде проширувањето на пешачката зона од улицата Кнез Михајлова до тесните површини на централната зона на градот. Несомнено е дека сообраќајот е еден од најголемите проблеми во функционирањето  на Белград. Лимитираниот јавен транспорт и недостатокот на мостови, надвозници и подземни премини, значајно го оптеретуваат јавниот транспорт, градскиот сообраќај, вклучувајќи го и движењето на велосипедистите и пешаците. И  покрај тоа што веќе е потенциран во извештаите на Агенцијата за заштита на животната средина за квалитетот на воздухот, а е и  добро познат на експертската јавност, проблемот со загадувањето на воздухот во Ваљево стана политички релевантен само откако граѓаните на Ваљево, за кои овој здравствен проблем е од егзистенцијална важност, се самоорганизираа. Фактот што граѓаните се сеуште незадоволни бидејќи не добиваат доволно информации околу мерките кои ги преземаат институциите околу овој проблем е главната причина за организирањето на Граѓанското собрание. Тоа е поттикнато од прашањето околу тоа колкав е опсегот на локалната самоуправа и граѓаните на Ваљево во решевањето на проблемот со загадувањето на воздухот. Целта на Граѓанското собрание е да пронајде јасни одговори на овие прашања, но и да ги поттикне носителите на одлуки да преземат одговорност за имплементација на плановите и мерките кои се усвоени од локалните власти.

Граѓанските собранија се тела кои целат кон вклучување на граѓаните во дискусии за прашања од јавен интерес (локален, национален и меѓународен).  Граѓанските собранија се создадени како обид за да се институционализира пошироко и позначајно учество на граѓаните како одговор на проблемите со кои се соочуваат модерните демократии и демократските практики во кои граѓаните се недоволно вклучени во формулирањето и креирањето на политички одлуки кои ги засегаат нивните животи.

Проектот  „Активно граѓанство: промовирање и унапредување на иновативни демократски практики во Западниот Балкан“, кој е координиран од Институтот за филозофија и општествена теорија, е поддржан од програмата Еразмус +, преку мрежата Жан Моне. Партнери во проектот  се  Белградскиот фонд за политичка извонредност, Универзитетот во Грац (CSEES), и департманите за политички науки при Универзитетот во Торино, Универзитетот во Сараево и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Имплементацијата на проектот исто така беше поддржана и од Амбасадата на САД во Белград.