Јелена Васиљевиќ (доктор по социо-културна антропологија) е соработник за истражување на Институтот за филозофија и општествена теорија при Универзитетот во Белград. Нејзиниот истражувачки фокус е во областите на студии на државјанство и политичка и правна антропологија. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат политика на солидарност, трансформации на режимите на државјанство во пост-југословенските држави, афективни и секојдневни димензии на државјанството на Западниот Балкан и дебати врзани за културата и правата. Нејзиното најново истражување се занимава со проучување на политичките димензии на солидарност, поконкретно, со испитување на тензиите помеѓу поимите државјанство и солидарност. Таа била научен соработник на Универзитетот во Единбург, работела на проект финансиран од ERC за трансформација на државјанството во поранешните југословенски држави (CITSEE) а била и научен соработник во Центарот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац. Ја има објавено монографија „Антропологија на државјанството“ (на српски јазик, 2016 година), а нејзините статии се објавени во „Нации и национализам“ (Nations and nationalism) и „Студии на државјанството“ (Citizenship studies), меѓу другите списанија.