Д-р Зоран Илиевски е редовен професор по политички науки и поранешен раководител на политичките студии на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј “во Скопје. Од 2009 година рабоел и како надворешен советник на претседателот на Република Македонија, координатор на Советот за надворешни односи на Претседателот и директор на програмата на Меѓународната школа за млади лидери под покровителство на Претседателот на Република Македонија. Тој работел на голем број истражувачки проекти со Универзитетот во Грац, Лондонската школа за економија, Европската академија во Болцано и Универзитетот во Цирих, а предводел и голем број истражувачки и наставни проекти на ЕУ во рамките на TEMPUS, FP6, FP7 и швајцарската SCOPES програма. Од 2008 година тој бил помошник координатор, а подоцна и координатор на два ТЕМПУС проекти. Првиот проект ја воспостави првата магистерска програма во Република Македонија од областа институции и политики на ЕУ, на англиски јазик, додека вториот проект ја воспостави првата програма (заедничка диплома) заедно со универзитетите во Грац, Загреб и Белград, со фокус на студии на Југоисточна Европа.