Факултетот за политички науки при Универзитетот во Сараево е посветен на истражување и унапредување на најсовремените знаења за горливите прашања на демократизација, државјанство, културна разновидност, соработка како и одговорно управување. Повеќе од дваесет години, Факултетот исто така беше активно ангажиран во унапредувањето на државата Босна и Херцеговина. Покрај основната мисија – едукација на младите во Босна и Херцеговина – Факултетот за политички науки продолжува да ја покажува својата посветеност кон идејата за заедничко живеење, заштита на општото добро и пренесување на неговите мултикултурни вредности и универзални цивилизациска норми на идните генерации.