Фондот за политичка извонредност во Белград (БФПИ) е невладина и непрофитна организација, членка на Мрежата на училишта за политички студии која работи под покровителство на Советот на Европа. БФПИ придонесува кон мирна, демократска трансформација и европска интеграција на целиот регион на Југоисточна Европа, преку обезбедување напредно политичко образование, промовирање и вмрежување на лидерите на општествените промени и лидерите на јавното мислење, работејќи на дијалог на сите релевантни актери и градење на нивниот капацитет за одговорно учество во политичкиот живот. Во изминатите неколку години, БФПИ помогна да се спроведе партиципативно буџетирање во 15 од 17-те градови во Србија. Сите активности беа спроведени во тесна координација со локалните невладини организации, медиумите и градските власти.