Валида Реповац Никшиќ е доцент на Факултетот за политички науки при Универзитет во Сараево. Таа има работено во Директоратот за европска интеграција при Советот на министри на Република Босна и Херцеговина. Таа ги предава предметите современи теории на нациите, социологија на глобализацијата и националниот идентитет, социологија на сиромаштијата. Била коавтор на неколку книги. Нејзините понови статии се осврнуваат на концептот на космополитизмот и современите теми во политичката филозофија. Таа е уредник на Сараевскиот преглед на општествени науки (Social Science Review).