Доцент д-р Сеад Турчало е декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Сараево, каде што докторирал на областа безбедносни студии. Неговите истражувачки интереси се однесуваат градењето на држава и меѓународната безбедност. Како координатор на повеќе меѓународни проекти, тој поседува значително искуство во управувањето со проекти и тесно соработува со претставници на политички студии во регионот. Објавил 5 книги, бројни написи во национални и меѓународни списанија. Тој е уредник на Сараевскиот преглед на социјални науки (Social Science Review).