Неџма Џанановиќ е доцент на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Сараево, со специјализација во областа на европските интеграции. Таа е раководител на Заедничката магистерска програма по политички науки (европски студии) на Факултетот за политички науки (Универзитет во Сараево) и Факултетот за општествени науки во Љубљана. Таа е автор на книгата „Статусот на поединецот во постнационалните интеграции: државјанството во ЕУ“ како и на многубројни написи во национални и меѓународни списанија каде што пишува за европската интеграција и популизмот.