Флоријан Бибер е професор по историја и политика на Југоисточна Европа и директор на Центарот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац, Австрија. Студирал на колеџот Тринити (САД), Универзитет во Виена и Централноевропскиот универзитет, а докторирал политички науки на Универзитетот во Виена. Помеѓу 2001 и 2006 година работи во Белград (Србија) и Сараево (Босна и Херцеговина) за Европскиот центар за малцински прашања. Предавал на Централноевропскиот универзитет, Универзитетот во Кент, Универзитетот Корнел, Универзитетот во Болоња и Универзитетот во Сараево. Неговиот истражувачки интерес е фокусиран на политичката и општествената трансформација на Југоисточна Европа, вклучително и прашањата врзани за демократизацијата, национализмот и малцинските права. Неговите истражувања се објавени во водечки списанија со видлив придонес во областа на студиите на јавни политики, како истражувач, но и како координатор на Европската мрежа на истражувачи и аналитичар на политика за Западен Балкан – BIEPAG, која тој ја координира. Неговите анализи за ЕУ ​​и Западен Балкан се објавени во Foreign Affairs, Neue Zürcher Zeitung, Frankfurter Rundschau, Die Presse, а свои анализи има објавено и во водечките европски и регионални медиуми вклучително и N1 TV, The Economist, Financial Times, Deutschlandfun, New York Times.