Д-р Дамир Капиџиќ  е доцент на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Сараево, каде што предава компаративна политика, јавно мислење, цивилно општество, недржавни актери во меѓународната политика, постконфликтни општества и градење на држави. Објавил десетина научни и стручни трудови во меѓународни списанија, како и поглавја од книги фокусирани на демократијата и институциите во постконфликтните општества, мултиетничките држави и улогата на Европската унија во меѓународната заедница. Капиџиќ е ангажиран како проектен соработник на повеќе проекти спроведени од Лондонската школа за економија, универзитетите во Базел, Белград, Цирих, Љубљана и Загреб, Фондацијата Фридрих Еберт во БиХ, Центарот за општествени истражувања Аналитика и Центарот за безбедносни студии во Сараево.