Членовите на српскиот тим објавија научен труд во претстоечкото специјално издание на списанието Студии за Југоисточна Европа и Црноморскиот регион, насловено „Илиберални политики во Југоисточна Европа“.

Трудот кој е заснован на истражувањето спроведено во рамките на Жан Моне мрежата, дава компаративна анализа на карактеристиките и капацитетите на општествените движења за борба против илибералните тенденции и поттикнување на политички промени во Србија и Северна Македонија. Почнувајќи со дискусија околу илибилералните елементи на политичките режими во овие две држави, авторите понатаму даваат сеопфатен преглед на прогресивните општествени движења, формирани и организирани како одговор на различните авторитарни и недемократски тенденции. Тие укажуваат на некои разлики во принципите на нивното организирање, коалицирање и дефинирање на прашања, кои пак можат да помогнат во објаснувањето на релативниот успех на општествените движења во Северна Македонија  во предизвикувањето на релевантни политички резултати, во споредба со послабото политичко влијание на општествените движења во Србија.

 

Линк до трудот: https://www.tandfonline.com/doi/full/10.1080/14683857.2019.1654317