Во рамките на конференцијата „Конфликт, стабилност и демократија?“ која ќе се одржи на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград на 28ми и 29ти септември 2019 година, членови на тимот на мрежата  Жан Моне  ќе го организираат панелот „Спорни политики, активизам и демократски иновации во Западниот Балкан“, каде членовите на тимот ќе ги претстават и дебатираат наодите од своите истражувања. Презентери ќе бидат: Билјана Ѓорѓевиќ (Демократските иновации помеѓу агонизмот и делиберацијата), Ирена Фикет (Враќањето на контекстот во играта: предизвиците на имплементацијата на демократските идеали во делиберативните  мини-јавности), Газела Пудар Драшко (Демократските иновации помеѓу одгоре-надолу до оддолу-нагоре вклучување на граѓаните) и Јелена Васиљевиќ (Афективно ангажирање и општествени промени: дали личните наративи се важни за демократските иновации?).