Ирена Фикет е назначена за академски координатор на Жан Моне мрежата. Таа е соработник за истражување при Институтот за филозофија и општествена теорија при Универзитетот во Белград. Таа поседува релевантно истражувачко искуство, наставно искуство, менторско искуство на магистерски трудови и искуство во управување со меѓународни проекти. Има богата соработка со граѓанскиот сектор како и со носителите на јавни политики. Таа е член на постојаната група „Демократски иновации“ на Европскиот конзорциум за политички истражувања (ECPR) и е поранешен член на Управниот одбор на групата (и еден од основачите). Главните истражувачки интереси за време на нејзиниот ангажман на универзитетите во Фиренца, Сиена, Болоња и Осло како постдокторален студент, се однесуваат на граѓанската партиципација, демократските иновации, делиберативната демократија, европскиот идентитет, европската јавна сфера, европското високо образование и Западниот Балкан. Таа има одржано повеќе од 30 презентации, семинари или јавни предавања и има објавено повеќе од 10 рецензирани трудови или поглавја во книги.