Д-р Иван Дамјановски е вонреден професор на политичките студии на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој е исто така и истражувач во Центарот за компаративни и меѓународни студии при Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих. Тој е основач и истражувач на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје. Иван Дамјановски истражува во областите врзани за евроинтегративната теорија, проширувањето на ЕУ, политичката теорија, национализмот и политичката филозофија. Тој има богато искуство во областа на невладините организации – член е на извршниот одбор во Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), каде е и истражувач.