Армина Галијаш е доцент при Центарот за студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац и визитинг професор на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Загреб. Студирала историја на источна и југоисточна Европа, модерна историја и економија на универзитетот Лудвиг-Максимилијанс во Минхен. На Универзитетот Лудвиг-Максимилијанс има работено како академски соработник на Институтот Südost – Минхен (Регенсбург) По дипломирањето работи како асистент за истражување на Катедрата за историја на источна и југоисточна Европа од 2003 до 2005 година. Од 2005 до 2011 година била асистент за истражување на Катедрата за историја на источна Европа на Универзитетот во Виена, каде се стекнува со докторат по историја. Нејзините истражувачки интереси и академска настава се фокусираат на модерната историја на Југоисточна Европа.